Забава

Принцот Вилијам и Кејт – како обично скромно семејство во новиот божиќен портрет

Додека семејните портрети на членовите на британската монархија со години зрачеа со кралски луксуз, новиот божиќен портрет на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон со нивните деца е сосема поинаков.

Фотографијата направена оваа есен од фотографот Мет Портјус го прикажува кралското семејство пред куп наредени дрвја во Анмер Хол, нивната резиденција во Норфолк на истокот на Англија. Насмеани во џемпери и кошули, принцот Вилијам, војвотката Кејт и нивните деца принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луи изгледаат како скромно секојдневно семејство, иако се далеку од тоа.

Сепак, во едно тие сигурно не се разликуваат од остатокот од светот. Дури и за британската кралица, принцови и принцези, војводи и војвотки, овој Божиќ ќе биде сосема поинаков.

Кралското семејство обично ги поминува празниците во Сандригем, рурален имот на кралицата Елизабета II во руралниот Норфолк, околу 160 милји североисточно од Лондон, каде на кралицата обично ѝ се придружуваат нејзините деца, внуци и правнуци. Но, поради пандемијата на коронавирусот, оваа празнична сезона ќе биде поинаква.

Кралицата Елизабета II и принцот Филип, војводата од Единбург, ќе го прослават Божиќ оваа година „тивко“ во нивната резиденција во замокот Виндзор, објави Бакингемската палата.

Да потсетиме, пандемијата директно влијаеше и на кралското семејство со оглед на тоа што наследникот на британскиот престол, принцот Чарлс, и вториот по ред принцот Вилијам, беа позитивни на КОВИД-19.

Слични написи

Irene O’Shea стана најстарата жена што скокнала од авион со падобран

Biba

Костим за капење од изолир лента кој повеќе открива отколку што сокрива

Biba

За што сè може да се користи брашното, освен за готвење?

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.