Гастрономија

Зелен сок за обновување на енергијата

 

Свежо подготвен сок со домашни состојки е совршен начин да го започнете денот и да ја обновите енергијата која ви е потребна во текот на денот.

Сокот од лимон и лимета убаво се сложува со лиснатиот зелен зеленчук и пикантниот целер. Ако го сакате сокот малку поблаг, може да додадете и портокал. Сè што треба да направите е состојките да ги ставите во блендер и да ги изблендате.

Потребни состојки:

1 чаша свежи листови од спанаќ

2 излупени лимони

1 излупена лимета

2 излупени портокали

1 целер

мраз

Начин на подготовка:

Во блендер ставете ги спанаќот, лимонот и лиметата. Додајте го целерот и портокалот. Изблендајте. По желба додајте мраз и послужете.

На здравје!

 

Слични написи

Топол зеленчук со лук

Biba

Залчиња од тиквици и фета

Biba

Пита од тиква и бадеми

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.