Технологија

“Pocket Rocket” – необичен електричен велосипед

Германската компанија Sol Motors, го најавува својот производ со необичен изглед, електричен велосипед-мотор.

Електричните велосипеди со секој следен ден стануваат сè попопуларни и побарани, било да се изработени во домашни услови или од познати производители. Во последниов период сведоци сме на неколку електрични велосипеди со невообичаен изглед. Уште еден таков ќе пристигне од Германија.

Компанијата Sol Motors со седиште во Штутгарт, го претстави својот велосипед/мотор на електричен погон и бомбастично го нарече “Pocket Rocket”.

Оваа “џебна ракета” се гордее со својот необичен изглед, но и со самиот концепт на возило. Всушност, Германците велат дека ова не е класичен велосипед, бидејќи е пребрз, не е мопед бидејќи нема педали, но не е ни мотоцикл, го нарекуваат нопед, и сметаат дека станува збор за нова класа на електрично возило.

Наменет е за градско возење и го карактеризира тежина од 55 килограми, функционален дизајн, моќ и брзина. Со едно полнење батеријата дава автономија од 50-80 километри, а најголема брзина му е 80 км/ч. Електричниот мотор испорачува сила од 6 или 8,5 кс, во зависност од опцијата, а од опремата тука се и хидраулични кочници, систем за регенеративно полнење, ЛЕД светла, и се разбира можност за поврзување со мобилен телефон за други напредни опции.

“Pocket Rocket” доби награди за дизајн низ Германија и Европа, а официјално ќе биде претставен на почетокот на следниот месец на саемот за мотоцикли Intermot во Келн.

Слични написи

Huawei со помош на вештачка интелигенција ја заврши Недовршената симфонија на Франц Шуберт

Biba

Од скелет на праисториски гуштер до робот што се движи

Biba

Нов рекорд за SpaceX

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.