Спорт

УЕФА реши да го воведе VAR системот и во Лига на шампиони

Извршниот одбор на УЕФА реши да го воведе VAR (video assistant referees) системот и во Лига на шампиони. Правилото ќе стапи на сила од сезоната 2019/2020.

“Сигурни сме дека имаме доволно време да го вградиме VAR системот и да ги обучиме судиите и службените лица за негово користење”, изјави претседателот на УЕФА Александер Чеферин.

Ждрепката за квалификациите за ЕУРО 2020 ќе се одржи во Даблин, на 2 декември, во 11 часот по локално време, и ќе бидат 10 групи по 5-6 екипи, кои ќе дадат 20 учесници, а останатите 4 ќе се добијат од плејоф од Лига на нациите.

Ден подоцна исто во Даблин ќе се одржи ждрепка за завршниот турнир на Лигата на нации.

Слични написи

Никола Карабатиќ заради операција ќе го пропушти СП во ракомет следната година

admin

Челзи го „краде“ Алисон пред носот на Ливерпул

admin

Заврши кратката фудбалска кариера на најбрзиот човек на светот

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.