Љубов и секс

Што пребаруваат жените на веб-страниците за возрасни

 

Интересите на жените, како и во другите подрачја така и во делот за секс и размислувања за секс, се разликуваат од мажите. Изненадувачки е бројот на дами кој пристапуваат на страниците на кои се застапени содржини за возрасни.

Најпознатата веб-страница со содржини за возрасни “PornHub”, на крајот од секоја година објавува листа на која се дадени податоци за тоа колкава била посетеноста и што е сè пребарувано од содржините.

Според оваа листа, во текот на 2019 година забележани се дури 42 милијарди посети. Најбарани содржини биле аматерските, а на второ место по пребарување, верувале или не, се содржини во кои клучен збор бил – вонземјани. Третото место го имале содржините наречени “POV”, или преведено – филмови за возрасни во кои гледиштето е така поставено како гледачот да е учесник во филмот.

Сепак, според “PornHub”, жените пребарувале малку поразлични содржини од мажите. Според листата, жените се застапени со 32 % од посетителите, што претставува зголемување за 3 %.

Според пребарувањата, жените сакаат помалку содржини со пенетрација отколку мажите. Тие најмногу сакаат содржини со орален секс, содржини каде задоволувањето е со прсти, со или без партнерот, а исто така пребарувале содржини каде мажите мастурбираат сами. Пребарувани се и мускулести мажи, лезбејки, романтични порнофилмови, дупла пенетрација, секс во тројка и групен секс.

 

 

Слични написи

За што фантазираат жените и мажите во кревет

Biba

Пет машки особини што ги привлекуваат жените

Biba

Секс заповеди на самосвесни жени

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.