Вести

Заживеа првото бесплатно училиште за музика, уметности и вештини за деца во социјален ризик

 

Здружението  „Проект Среќа“, месецот на детето ноември го започна со долгоочекуваниот проект – Прво бесплатно училиште за музика, уметности и вештини – „Гитари, дирки и свирки“.

Целта е да се создадат што повеќе услуги, со кои значително ќе се подобри квалитетот на живеење на децата со помалку можности (во кои спаѓаат сите категории на „социјален ризик“), но и да им се дадат услови за подобра едукација, неформално образование и пристап до културни активности, вештини, и сè она кое во иднина ќе ги направи конкурентен и квалитетен дел од ова општество.

 

 

Во новите интерактивни простории на здружението ќе се одржуваат и часовите по драма на детското драмско студио ,,Неверленд“ за деца со помалку можности,  но и останати активности за деца. Пријавувањето на дечињата е во тек, уписите се отворени за деца од 6 до 14 години, а предност имаат оние кои се во најтешка категорија на социјален ризик.

 

 

Слични написи

“Петрунија” се закити со уште две награди

Biba

Денес е Светскиот ден на срцето

admin

Црвена јабука, Црнила ремикс и летно кино на отворено на „Summerland” 2019

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.