Патуваме

Најубавото место на светот

Исланд е веќе некое време на листата на најпосакуваните дестинации на голем број луѓе. Убавината на природата која ве преплавува со чувства, привлекува туристи од целиот свет, а резултат се фотографиите кои се објавуваат по социјалните мрежи и го ставаат Исланд на листата на желби.

Едно од местата на Исланд кое е на листата на желби е и Blue Lagoon Island.

Ова фасцинантно место е формирано 1976 година, а во 1987 година се отворени првите капалишта, и набргу стекна репутација на прекрасно место, заради термалните води и минералната кал која помага во лечење на многу работи. На почетокот на новиот милениум бањите се реновирани по сите современи стандарди и се зголемува бројот на туристи, за денес да стане атракција број еден и резервација на термин е задолжителна. Исто така е на листата на 25 светски чуда.

Една од работите што ја популаризирало Blue Lagoon Island е неодоливата млечно сина боја на водата, која таквата нијанса ја добива од уникатниот минерален состав и испарувањето во ладните денови. И да, дури и во зимските денови температурата на водата е 40 степени и во неа може да пливате.

 

Слични написи

Севиља – срцето на Андалузија

Biba

Места кои се вредни за посета ако патувате во Глазгов

Biba

Астана и нејзината симболика

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.