Вести

„Звуците на културата“ по вторпат во општина Ѓорче Петров

 

Од 20-22 септември во паркот во Ѓорче Петров, по вторпат ќе се одржи манифестацијата „Звуците на културата“. Трите денови ќе бидат исполнети со богата културно-уметничка програма, како и со низа активности за најмладите, но и за повозрасните граѓани. Настапи на културно-уметнички друштва, хорови, музички точки на училишта, баскер артисти, танцување, проекција на филм, мјузикл, концерти, театар, е само дел од она што ќе го збогати културно-забавниот живот во општина Ѓорче Петров. Во рамки на манифестацијата ќе настапат и Наум Петрески, Ефто Пупиновски, Нокаут, Дац & Александар Митевски и диџеи, ќе биде прикажан и нашиот наградуван филм „Господ постои, името и е Петрунија“ на режисерката Теона Стругар Митевска, а во паркот каде што ќе се одржува манифестацијата ќе бидат поставени и реквизити за забава, детски игри и спорт, забавен парк и базар.

 

 

Слични написи

Претстојниот Skopje Wine Expo 2019 нуди богата музичка програма

admin

Петрунија со одлични критики ја освојува Франција

admin

“Петрунија” се закити со уште две награди

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.