Вести

Петрунија со одлични критики ја освојува Франција

 

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска на 1 мај беше отворен за дистрибуција во Франција. По одличниот првичен прием, дистрибутерската куќа Пирамид се реши во втората недела да зголеми дистрибуцијата од 72 на 96 кина во кои се прикажува филмот низ цела Франција. На денот на отварањето, Петрунија доби одлични критики во француските медиуми, освојувајќи ја Франција. 

Престижниот месечен филмски магазин Позитив (Positif) го најави како филм со еден од најубавите женски карактери видени на платно после долго време и го прогласи “Петрунија” за филм на месецот, оценувајќи го со пет ѕвездички и посветувајќи му шест страни во списанието, вклучувајќи и интервју со режисерката Теона С. Митевска.

 Либерасион (Liberation) вели: “Да, Петрунија е тука и ќе остане. Не само што никој нема да се ослободи од неа, туку ќе направи своевидна револуција, без сценариото да наликува на бајка или морализирачка приказна, без фикцијата да стане вештачка“.

https://next.liberation.fr/cinema/2019/04/29/dieu-existe-salades-religieuses-en-macedoine_1724065

Списанието за култура Трансфуж (Transfuge) оценувајќи го филмот со пет ѕвездички, вели: “Сеназација на последното Берлинале… Амбициозен, комплексен филм, посведочено со посебниот карактер, особено во доброто сценарио и начинот на користење на сценографијата”.

Познатиот и престижeн Ле Монд (Le Mond) дава детална критика за филмот и истакнува: “Оваа особеност се должи на ликот на Петрунија, интерпретиран од Зорица Нушева, чиешто присуство на екранот ја преуредува целата галерија на претставување на женските ликови во кинематографијата“.

 https://www.lemonde.fr/culture/article/2019/05/01/dieu-existe-son-nom-est-petrunya-echapper-au-joug-du-patriarcat-par-la-nage_5456961_3246.html

Телевизијата ТВ5 вели: “Петрунија е особена во духот на заедништво. Филмот е своевиден повик до сите жени да се обединат во фронт против сè што ги угнетува во денешниот свет… Македонската режисерка Теона С. Митевска пишува феминистичка приказна, инспирирана од вистински настан, триејќи му го носот на патријархализмот“.

https://information.tv5monde.com/terriennes/dieu-existe-son-nom-est-petrunya-une-ode-feministe-qui-bouscule-tradition-et-patriarcat

“Жестока и галванизирачка, феминистичка приказна од Северна Македонија која предизвика сензација во годинешната натпреварувачка програма на Берлиналето“, вели во најавата за интервјуто со режисерката, престижниот Полиестер (Le Polyester), специјализиран портал за авторски филмови, кој исто така објави и исклучително позитивна критика за филмот.

Филмот предизвика големо внимание и вон филмскиот печат во Франција, па издвојуваме само некои од многуте восхитувачки осврти.

Магазинот Le journal Le Femmes, за Петрунија вели: “Силна феминистичка приказна поддржана од магичната глума на восхитувачката глумица”.

Le Courrier des Balkans во неговиот осврт за филмот вели: “Ви кажуваме трчајте, видете го филмот на Теона С. Митевска, чист драгоцен камен, ги размрдува традициите на една помината епоха!”

https://www.courrierdesbalkans.fr/Blog-o-Quand-une-ame-pure-et-droite-fait-voler-en-eclats-traditions-et

По Франција, започнувајки од 8 мај почнува да се отвора и во киносалите низ Швајцарија, со дистрибутерот  Trigon film https://www.trigon-film.org/en/screeningsТеона Стругар Митевска ќе присустува на четири премиери во неколку градови во Швајцарија.

“Петрунија” во месец мај ќе биде претставен на три фестивали и ќе сврти малку кон Исток почнувајќи од Tirana FF, Albania – http://deafilmfest.al, потоа на фестивал во Романија Transilvania FF, Romania, https://tiff.ro/en, каде филмот е откупен и за кино дистрибуција, и оттаму и во Украина каде што исто така филмот ќе се дистрибуира, а ќе биде претставен најпрво на Molodist Film Festival, Kiev, https://molodist.com/en/.

 

 

 

Слични написи

Уште три нови „Роса школи за родителство“ во Струмица, Охрид и Куманово

Biba

Среќен Велигден на сите православни христијани

admin

Во Скопје е отворен забавен парк со адреналински атракции

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.