Технологија

Тајланд “бомбардиран” со 900 000 семки од дрва

 

Во светот постојат земји што вистински сакаат да го поправат проблемот со уништувањето на природата. Тајланд е една од нив.

За да ги пошумат соголените долини на нивната држава, воздушните сили на Тајланд дошле на идеја да го “бомбардираат” земјиштето со претходно подготвени семки од локалните дрва. Техниката не само што е брза, туку е и ефикасна. Ефектите од ова “бомбардирање” ќе бидат видливи дури кон крајот на оваа година, и ако резултатот е позитивен, тогаш планираат истото да го прават на секои пет години.

Благодарение на оваа техника успеаја да посадат 900 000 семиња од локалните дрва. Локалните семиња пред испуштањето се обвиткуваат со мешавина од земја, компост и глина, заради полесно ‘ртење.

Пошумувањето е многу важно, бидејќи доколку планетата остане без дрвја може да дојде до истребување на човечката врска. Освен тоа, недостатокот од дрва доведува до ерозија на земјиштето, поплави, климатски промени и низа на други проблеми.

 

 

Слични написи

Бришење на пораки во чат на ФБ Месинџер

Biba

Мобилниот телефон има повеќе бактерии отколку рачката на казанчето

Biba

Промени на Фејсбук

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.