Технологија

Мобилниот телефон има повеќе бактерии отколку рачката на казанчето

 

Со анализи е утврдено дека мобилните телефони имаат десет пати повеќе бактерии отколку што е прифатливо. Примероците земени од еден мобилен содржеле толку многу бактерии, што можеле да предизвикаат сериозни стомачни проблеми кај неговиот сопственик.

Бактериите можат да му наштетат на организмот ако нивниот број енормно се зголеми.

Daily Mail пишува дека од 63 милиони мобилни телефони во Велика Британија, 14,7 милиони претставуваат потенцијална опасност по здравјето. Експертот за хигиена Џим Френсис, кој ги спровел тестовите, вели дека бројот на потенцијално штетни бактерии на еден апарат бил толку голем, што на тој уред му била потребна стерилизација.

Најнечистиот мобилен телефон содржел десет пати поголемо ниво на бактерии отколку што е тоа прифатливо. Овој уред, исто така, имал и 39 пати повисоко ниво на ентеробактерии од прифатливото. Ентеробактериите живеат во цревата на луѓето и на животните.

Други видови бактерии пронајдени на мобилните телефони се ешерихија коли и стафилококи.

Повеќето луѓе се убедени дека рачката на казанчето во тоалетот е нешто највалкано што постои, но таа содржи значајно помалку бактерии отколку мобилниот телефон.

Луѓето, исто така, треба да бидат свесни и дека тастатурата на компјутерот содржи повеќе батерии отколку просечна тоалетна школка.

 

Слични написи

НАСА ги претстави најновите одела за престој во вселената

Biba

Во 2024 година Мајкрософт би можел да го претстави Windows 12

dart

Еколошки прифатлива технологија

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.