Спорт

Усеин Болт во првиот спринт при нулта гравитација

Авион што овозможува краткотрајно присуство во простор без гравитација, беше домаќин на една несекојдневна спринт трка, а победник во трката беше најбрзиот човек на патеките Усеин Болт.

Усеин Болт – светски рекордер на трките на 100 и 200 метри, кој важи и за најбрзиот човек во историјата, официјално стана и најбрзиот човек во простор без гравитација.

Трката се одржа во авионот со назив “Vomit comet” кој заради своето елиптично летање прави краткотрајни услови на нулта гравитација.

Конкурентите на Усеин Болт беа астронаутот на Европската вселенска агенција Жан Франсоа Клерво и францускиот дизајнер Октав де Гол.

Слични написи

РК Работнички изигра рутински во Гевгелија

admin

Новак Ѓоковиќ по третпат го освои US Open

Biba

РК Работнички со победа и на гости

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.