Спорт

РК Работнички со победа и на гости

Налетот на РК Работнички не стивнува. Како и во претходните натпревари, така и во денешниот, на гости кај РК Тиквеш извојува убедлива победа. Ги победија кавадарчаните со 10 голови разлика. РК Тиквеш : РК Работнички 25 : 35. Ракометарите на РК Работнички покажаа динамична игра, а резултатот е производ на таа игра. Успехот е резултат на комплетната игра на сите ракометари на РК Работнички.

За РК Работнички головите ги дадоа: Стефан Николовски 12, Никола Димитров 7, Кристијан Атанасовски 6, Олег Кумогородски 3, Дмутро Полиак 2, Христијан Милошески 2,  Атанасие Петров 2, Бојан Љубески 1. На успехот со својата игра придонесоа и Мартин Игнов, Армен Садиковиќ, Филип Давитков, Мартин Димовски, Лука Благопетров, Дамјан Трајковски, Христијан Здравковски, Ристо Трпчевски, Велимир Тричкоски и Благоја Теофилевски.

Успешен беше и голманот на РК Работнички Мурат Куртановиќ кој имаше дури 21 одбрана.

За РК Тиквеш головите ги дадоа: Орданчо Лазов 5, Димитар Минов 3, Мартин Димовски 3, Ристе Ристов 2, Васе Витанов 2, Петре Пеовски 2,Мартин Петров 2, Костадин Петров 2, Игор Ангелковски 2, Петар Петров 1 и Миле Ангелковски 1.

Одличен натпревар.

Слични написи

Малерот на Дел Потро

admin

Пцостите на Инстаграм го чинеа Нејмар три меча неиграње

Biba

Јирген Клоп казнет со 45.000 фунти

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.