Технологија

Електричен авион со кој патување од 160 километри чини 5 долари

 

Pipistrel Alpha Electro е ултралесен авион наменет за два патника, кој со едно полнење на батеријата обезбедува 1 час летање или 160 километри, а патувањето ќе чини околу 5 долари.

Авионот е тежок 300 килограми, од кои 100 килограми е тежината на батеријата. Го придвижува електромотор од 60 киловати.

Недостаток е тоа што сè уште нема инфраструктура за полнење на батериите на овие авиони.

Според производителот, летањето во ноќни услови дава подобри резултати, заради намалените турбуленции во текот на ноќта.

Цената на овој ултралесен авион е 140 000 долари, а досега се произведени 40 авиони за купувачи од Европа, САД и Австралија.

Во моментов авионот се користи за часови по летање над аеродромите.

 

Слични написи

Huawei P30 Pro ја доби наградата “Смартфон на годината”, што ја доделува EISA

Biba

НАСА планира да го спушти Роверот во исушеното езеро на Марс

admin

WhatsApp со нова десктоп верзија која овозможува видеоповици за групи до 50 учесници

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.