Автомобилизам

Мерцедес го покажа новиот “experience” центар за тестирање на G-класата

 

Компанијата Мерцедес во близина на Грац, Австрија, го претстави својот нов центар за тестирање на возилата од G-класата, овозможен за потенцијалните купувачи.

Локацијата на тест-центарот е во местото Магна, каде што се произведува програмата на G-класата.

Познатата G-класа заживеа во 1979 година како цивилна верзија на воено возило и стекна огромна популарност заради својот квалитет и издржливост.

Официјално, центарот за тестирање ќе биде отворен за јавноста во ноември и ќе понуди симулација на најекстремни офроуд ситуаци. Ќе може да се тестира во вода, кал, асфалт, екстремни угорнини, а купувачите ќе имаат прилика да се уверат во способноста на теренецот што ќе го купат.

Потенцијалните сопственици на G-класата ќе можат да се пријавуваат за тестирањата веќе од јули.

 

 

Слични написи

Новиот Volkswagen T-Cross

admin

Telluride новиот SUV за осум лица на KIA

Biba

Во Формула 1 се враќа Роберт Кубица

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.