Технологија

Најпрофитабилната игра за мобилни уреди

 

PUBG Mobile не е само најпопуларната игра за мобилни уреди на светот со 140 милиони играчи месечно, туку е и најпрофитабилната игра со остварен приход од 146 милиони долари.

Парите не доаѓаат само од предмети и скинови кои играчите ги купуваат за да играат, туку и од ребрендираната игра за кинескиот пазар со назив Game for peace.

Се проценува дека PUBG Mobile во мај оствариле приход од 76 милиони долари, а Game for peace 70 милиони долари.

Ребрендираната верзија за кинескиот пазар беше објавена во мај, по што кинеските власти одбија да дадат дозвола за монетизација. Се работи за олеснета верзија на оригиналната PUBG Mobile со помалку крвопролевање и дополнителни кинески патриотски додатоци.

Ова се детали кои покажуваат со што сè се среќаваат развивачите на игри на територијата на Кина, каде што се забрануваат сите игри кои се сметаат за антидруштвени, коруптивни и премногу насилни.

Исто така, дополнително се воведени временски ограничувања за играчите. За децата помлади од 12 години дозволено е само 1 час играње дневно, додека за деца од 12-18 години играњето е ограничено на 2 часа.

 

Слични написи

Вечерва на Марс се спушта сондата Insight

Biba

Vivo официјално ги претстави мобилните телефони X90, X90 Pro и X90 Pro+

dart

Електрични концепти на Harley-Davidson

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.