Спорт

Челси е шампионот на Лига Европа

 

Синоќешниот натпревар од финалето на Лига Европа во Баку го донесе шампионот за 2018/19 година, Челси.

Играчите на Челси покажаа надмоќ врз своите градски ривали и со резултат 4:1 го демолираа Арсенал.

Стадионот во Баку беше полупразен, што не е својствено за натпревар од ваков калибар.

Натпреварот започна внимателно од двете страни, но како што одминуваше времето стануваше динамично. Првата посериозна акција ја имаа играчите на Арсенал кога во деветтата минута, кога Абумејанг шутираше покрај голот. Во продолжението Арсенал имаше убава и квалитетна игра. Промена на резултатот немаше до крајот на првото полувреме.

Со голот на Жиро во четвртата минута од второто полувреме Челси поведе со 1:0. Единаесет минути подоцна Челси ја зголеми разликата на 2:0 со голот на Педро, а Хазард набрзо постигнува гол од пенал и зголеми на 3:0.

Серијата на постигнување голови не запре и Ивоби со гол од 18 метри ја намали резултатската разлика на 3:1, но радоста и надежта на Арсенал не траеше долго, бидејќи брилијантниот Хазард го запечати резултатот со својот гол по прекрасно изведена акција.

 

Слични написи

Зидан би го преземал Челзи доколку му бидат исполнети три барања

Biba

Адидас официјално ја претстави топката што ќе се користи на EURO 2020

admin

Реал Мадрид го сруши стариот рекорд за потрошени средства за трансфери

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.