Спорт

Зидан би го преземал Челзи доколку му бидат исполнети три барања

 

Актуелниот тренер на Челзи Маурицио Сари, е под голем притисок по тешката сезона, а Зинедин Зидан сака да разговара со менаџментот да го замени.

Поранешниот тренер на Реал Мадрид бара од Челзи гаранција дека нивната ѕвезда Идн Хазард ќе остане во тимот.

На Зидан, исто така, му треба буџет од 200 милиони фунти за да го подобри составот на тимот и да има главен збор во трансферите.

Од извори блиски до Французинот, се дознава дека тој не очекува во скоро време да ја добие работата на Сари, поради тоа што актуелниот тренер сè уште ја има ситуацијата во свои раце.

Доколку Сари не овозможи Челзи да биде меѓу четирите најдобри екипи на крајот од сезоната, најверојатно ќе добие отказ.

Во тој случај главен адут на Челзи би бил Зидан, кој ги освои последните три трофеи на Лигата на шампионите.

 

Слични написи

Работнички им ја зема победата на Металург 2

admin

РК Работнички со победа и на гости

admin

Новата сезона Јувентус ќе ја игра со новиот “Роналдо”

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.