Сцена

Првиот трејлер од најновото продолжение на култниот Терминатор

 

Се појавија првите кадри од продолжението на Терминатор, научно-фантастичниот филм со кој многумина пораснаа. Продолжението го носи насловот “Terminator: Dark Fate” и во него ќе имаме можност да ги видиме и легендите од првото продолжение од пред 35 години.

Ова ќе биде шестото продолжение на култната франшиза во кој после второто продолжение со наслов “Terminator 2: Judgment Day” за прв пат ќе се обединат Арнолд Шварценегер и Линда Хамилтон.

Новото продолжение е во режија на Тим Милер, познат по остварувањето на “Deadpool”. Продуценти се познатите Џејмс Камерон и Дејвид Елисон.

Продолжението ќе ги следи случувањата од 1991 година.

Многу детали за новото продолжение нема.

Актерската екипа на “Terminator: Dark Fate”, освен Шварценегер и Хамилтон, ја сочинуваат и Мекензи Дејвис, Наталија Рејес, Габриел Луна и други.

Премиерата е закажана за 1 ноември оваа година.

 

 

Слични написи

Суданката Adut Akech Bior прогласена за најдобар модел во светот

Biba

Кејт Винслет денес го прославува својот четириесет и трети роденден

admin

Софија Вергара и понатаму најплатена телевизиска ѕвезда

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.