Вести

Во Скопје ЗОО целосно ќе се реновираат живеалиштата за кенгури и лавови

 

Деновиве во Скопје ЗОО, започнаа подготовките за реновирањето на живеалиштето на морскиот лав, а беше подготвено и новото живеалиште за зебрите Јанош и Јашари кои пристигнаа од Словенија и Чешка.

Во наредниот период, благодарение на спонзори и донатори ќе се реновираат сите живеалишта каде има потреба од подобрување на условите. Први кои ќе се реновираат се реонот „Австралија“, односно живеалиштето на кенгурите и живеалиштето за лавови.

Ќе се реновира и разубавува и просторот околу живеалиштата, па така, освен животните, и посетителите ќе имаат можност да уживаат во сосема нови катчиња. Во меѓувреме е завршено живеалиштето за шимапнза, а ќе започне да се гради и новото живеалиште за фламинга.

 

Слични написи

Филмот “Полусестра” на Дамјан Козоле влезе во главната конкуренција на Филмскиот фестивал во Карлови Вари

Biba

„Звуците на културата“ по вторпат во општина Ѓорче Петров

Biba

Отворено е првото Роса школо за родителство

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.