Вести

Филмот “Полусестра” на Дамјан Козоле влезе во главната конкуренција на Филмскиот фестивал во Карлови Вари

 

Филмската куќа “Сестри и брат Митевски” известуваат дека малцинска копродукција која ја копродуцираа минатата година, новиот филм на Дамјан Козоле “Полусестра”, својата светска премиера ќе ја има во главната селекција на престижниот Интернационален филмски фестивал во Карлови Вари. Учеството во главната конкуренција на овој реномиран фестивал е уште еден успех на македонската кинематографија.

Како малцинска копродукција, “Сестри и брат Митевски” учествуваа и во претходниот филм на Козоле “Ноќен живот”, кој исто така, својата премиера ја имаше на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, каде што освои и Кристален глобус за најдобра режија во 2016 година.

Дамјан Козоле е еден од водечките словенечки и балкански автори, чии филмови секогаш зборуваат за актуелни теми. Сите негови филмови имаат доживеано големи успеси, како фестивалски, така и во однос на дистрибуцијата низ Европа.

Режисерот Дамјан Козоле

 

“Полусестра” е копродукција помеѓу Словенија, Македонија и Србија. Филмот зборува за две отуѓени полусестри и конфликтите со кои се соочуваат кога се принудени да живеат заедно.

Од македонска страна, филмот беше поддржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија. Македонската екипа ја сочинуваат: актерката Лабина Митевска, монтажерот на филмот Атанас Георгиев, снимателот на тон Игор Поповски Нивеа, микроманот Дарко Бошковски, асистентот на камера Маријан Боцевски, арт директорот во сценографијата Бобан Петрушевски; дел од звукот е работен во Аудиохаус, а македонскиот дел од кастингот е направен од Киријана Николоска.

Премиерата на “Полусестра” во Карлови Вари ќе биде на 2 јули, а филмот ќе биде прикажан на фестивалот уште два пати, на 3 и на 5 јули.

 

Слични написи

Заживеа првото бесплатно училиште за музика, уметности и вештини за деца во социјален ризик

Biba

Скопската Зоолошка градина денес е домаќин на првиот Детски зоо маратон

Biba

„Роса школо за родителство“ во Струмица

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.