Вести

“Петрунија” се закити со уште две награди

 

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија” на Теона Стругар Митевска, на штотуку завршениот Деа филмски фестивал во Тирана (од 2 до 8 Мај) освои две награди, и тоа главната награда за најдобар филм и наградата за најдобра женска улога која ја доби Зорица Нушева, за нејзината восхитувачка интерпретација на Петрунија.

Петчленото жити предводено од холанѓанката Клаудија Лансгенберг, со голема радост и оптимизам за балканската кинематографија го соопшти главниот победник „Господ постои, името ѝ е Петрунија” на Теона Стругар Митевска.

На церемонијата во Тирана присуствуваа нашите двајца актери Зорица Нушева и Џевдет Јашари, кои ги примија наградите.

„Петрунија” во месец мај ќе биде претставен на три фестивали, и по Tirana FF, Albania – http://deafilmfest.al патува на фестивал во Романија Transilvania FF, https://tiff.ro/en, каде што филмот е откупен и за кино дистрибуција, и оттаму и во Украина, каде што исто така ќе се дистрибуира, а ќе биде претставен најпрво на Molodist Film Festival, Kiev https://molodist.com/en/.
 

 

Слични написи

Отворено е првото Роса школо за родителство

admin

Во Скопје ќе се одржи детски натпревар по ментална аритметика

Biba

„Роса школо за родителство“ во Струмица

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.