Гастрономија

Брзи крцкави печени компири со палента

 

Потребни состојки:

1 кг компири, излупени, измиени и исечени на парчиња

3 лажици палента

2 лажици масло

сол и бибер по вкус

1/2 лажичка мелен црвен пипер

1 лажичка суви мешани зачини

Начин на подготовка:

  1. Компирите исушете ги на кујнска крпа и ставете ги во длабок сад.
  2. Одозгора посипете ги со три лажици палента, сол, бибер, мелен црвен пипер и мешаните зачини.
  3. На крај додајте го маслото и со раце измешајте ги компирите да се залепат за нив палентата и зачините.
  4. Наредете ги компирите во широка тава или тепсија на хартија за печење и распоредете ги во еден слој.
  5. Печете ги околу 15 минути на 250 степени Целзиусови.
  6. Послужете ги со мајонез и кечап, како прилог со месо или со салата.

На здравје!

 

Слични написи

Есенска супа од тиква

dart

Здрава домашна гранола

Biba

Сочна чоколадна торта со бел крем

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.