Сцена

Шекил О’Нил ја продава вилата за 22 милиони долари

Пензионираната NBA ѕвезда Шекил О’Нил реши да ја продаде вилата на Флорида во која живее веќе 26 години, за 22 милиони долари.

Тоа е вила од неверојатни 32.000 квадратни метри, со 12 соби и кошаркарска сала од 6.000 квадратни метри.

Ѕвездата се пензионираше во 2011 година со заработка од 286 милиони долари. Вилата која сега ја продава ја купил 1993 година за околу 4 милиони долари.

Вилата е лоцирана на брегот на реката Батлер, на 30 минути од Орландо.

Купатилото е толку пространо и опремено што ги задоволува потребите и на најпребирливите. Спалната соба има целосно стаклен ѕид со прекрасен поглед на езерото. Секоја од останатите спални соби има поглед кон езерото. Во вилата има посебна просторија која служи за проекција на филмови.

Во вилата има просторија за вино, просторија за дружење и гаража во која може да се сместат 17 автомобили. За опуштање тука е и комплетно опременото музичко студио со сите уреди потребни за снимање. Има просторија за играње, посебна просторија за билијард, а надвор е поставен голем базен поврзан со вештачки водопади.

Слични написи

Елса Хоск со градник од милион долари

admin

Кајли Џенер ја направи најлуксузната самореклама до сега

Biba

Лејди Гага освои Златен глобус

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.