Забава

Нов тренд во светот – тетовирање пеги на лицето

Трендот на тетовирање на телото е во пораст насекаде во светот. Од ден во ден дознаваме за најразлични делови од телото што се тетовираат.

Најновиот тренд на тетовирање е тетовирање пеги на лицето. Овој тренд го започнала Габриел Реинбоу која кога се истетовирала на лицето не била воопшто свесна дека ќе предизвика лавина од следбеници. Таа едноставно сакала да заштеди време за да не ги црта пегите секојдневно.

Таа вели дека не ѝ е цел да ги охрабрува луѓето да се тетовираат.

“Има многу луѓе што ги исцртуваат пегите на лицето, но јас работам процедура која трае еден час, а производот од тетовирањето трае три години. Третманот чини 250 долари, а после тетовирањето лицето извесно време ќе биде отечено”, вели Габриел.

Таа, исто така, вели и дека пегите многу брзо ќе го примат природниот изглед и лицето ќе се стабилизира. За третманот да помине во најдобар ред треба да се внимава на детали и да се припреми лицето.

Слични написи

Трка на легенди

Biba

Необичен начин да се ослободите од непријатниот мирис на обувките

Biba

Прогласен најдобриот тематски парк на светот

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.