Убавина

Францускиот бренд Morreale креира парфеми вредни од 1,5 до 20 милиони долари

Парфем од познатата линија на Morreale, Le Monde sur Mesure, доаѓа во шишенце украсено со дијаманти, рубини и злато. Секој парфем и шишенце се прилагодени уникатно за секој клиент што го купува.

Од Morreale објаснуваат дека секое шишенце во кое е спакуван парфемот е уникатно и дека изгледот зависи само од желбата на клиентот.

Потребно е цела година за да се изработи едно шишенце кое доаѓа со сериски број единствен за секој примерок, спакувано во посебна дрвена кутија и нараквица од истиот материјал.

Откриваат дека до сега имаат продадено еден примерок од нивниот уникатен парфем со шишенце украсено со дијаманти и злато, кој го купил семејство од Блискиот Исток.

Слични написи

Лимонот како природна козметика

Biba

Пијалок за кожа како од фотошоп

dart

Балетанките можат да направат поголема штета од штиклите

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.