Гастрономија

Екстремна чоколадна торта

 

Потребни состојки за пандишпанот:

2 чаши шеќер

1 3/4 чаши брашно

1 чаша какао

1 лажичка сода бикарбона

1 1/2 лажичка прашок за печиво

1/2 лажичка сол

2 јајца

1 чаша млеко

1/2 чаша масло (може да се замени со стопен путер)

2 лажички екстракт од ванила

1 чаша зовриена вода

Потребни состојки за филот:

3/4 чаша омекнат путер

1 1/2 чаша какао

4-5 чаши шеќер во прав

2/3 чаша млеко

1 лажичка екстракт од ванила

Начин на подготовка:

Пандишпан:

  1. Пуштете ја рерната да се загрева на 175 степени Целзиусови. Намастете и набрашнете две тавчиња (или калапи за торта) од 22 см (по можност округли), и врз брашното ставете хартија за печење (за полесно да се извади испечениот пандишпан).
  2. Во подлабок сад ставете ги состојките за пандишпанот: шеќерот, брашното, какаото, содата, прашокот за печиво и солта. Измешајте ги да се изедначат.
  3. Додајте ги млекото, јајцата, маслото и ванилата и матете со мискер околу 3 минути. Полека додавајте ја зовриената вода додека матите со мискер. Смесата за пандишпан распоредете ја подеднакво во двата калапи за печење.
  4. Печете 30-35 минути и пробајте дали е пандишпанот испечен со дрвена чепкалка за заби. Пред да ги извадите пандишпаните од калапите, оставете ги да се ладат околу 20 минути. Потоа превртете го калапот наопаку и многу внимателно одвојте го пандишпанот од калапот и од хартијата за печење.

Фил:

  1. Во длабок сад матете го путерот додека стане пенест. Додајте ги шеќерот и какаото, измешајте да се изедначи филот, потоа додајте ги млекото и ванилата и повторно измешајте да добиете мазна конзистенција.
  2. Двата пандишпани пресечете ги хоризонтално на два или на три дела (да добиете вкупно 4 или 6). Исфилувајте го секој слој пандишпан еден врз друг и потоа покријте ја целата торта со филот. По желба, декорирајте со какао во прав, шлаг, овошје или чоколадни трошки.

На здравје!

 

Слични написи

Нугатино торта

Biba

Збогатете го вкусот на утринското кафе на едноставен начин

Biba

Едноставна густа супа од домати и босилек

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.