Психологија

Стресот може да доведе до собирање на мозокот и проблеми со помнењето

Стресот е болест на модерното доба и афектира огромен број луѓе. Според истражувањата што ги направи магазинот Neurology, стресот може да доведе до собирање на мозокот и до намалено помнење.

Авторот на студијата, професорот по неврологија Sudha Seshadri, вели дека високото ниво на кортизол, хормонот кој му помага на телото да се справи и да одреагира на стресот, влијае на функцијата на мозокот, неговата големина и когнитивните функции. Кога се наоѓаме под стрес, надбубрежните жлезди го зголемуваат производството на кортизол, кој ги ограничува сите телесни функции што би ни пречеле доколку се наоѓаме во ситуација да се бориме за живот. Моментот кога опасноста ќе помине, нивото на кортизол опаѓа и функциите треба да се вратат во нормала. Во спротивно ќе се појави главоболка, мачнина, депресија, проблеми со срцето, како и проблеми со концентрација и помнење. Научниците предупредуваат на фактот дека мозокот е најосетлив.

Мозокот за своето правилно и здраво функционирање има потреба од огромна количина на хранливи материи и кислород. Доколку телото ги троши своите ресурси за справување со стресот, тогаш ќе нема доволно за функционирање на мозокот и таа ситуација доведува до проблеми со помнењето.

Постари истражувања исто така покажаа и поврзаност на кортизолот со деменцијата, но во фокусот биле постари лица и хипокампусот, мемориското подрачје на мозокот. Во ова истражување учествувале 2000 лица без знакови на деменција, работеле психолошки тестови и ја мереле својата вештина на размислување. Истите тие луѓе после 8 години го повториле тестот само што сега им е мерено и нивото на кортизол. Резултатот покажал дека лицата што имале поголемо количество на кортизол во крвта имале и намалување на мозочната маса, а покажале и проблеми при решавање на когнитивни тестови.

Sudha Seshadri изјавува дека истражувањата што се спроведени ја покажуваат само поврзаноста, но не и причината за таквата состојба. Затоа е потребно да се спроведат понатамошни испитувања. Препорачува потреба од намалување на стресните состојби а со тоа и намалување на лачењето на кортизол, за да си го заштитиме мозокот за стари денови.

Слични написи

Плачењето помага да се намали стресот

admin

Сакате ли да озборувате?

Biba

Имагинарното другарче може да биде добро за детскиот развој

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.