Автомобилизам

Си заминува легендарната Буба

По повеќе од 80 години постоење, легендарната Буба оди во пензија. Германскиот производител Volkswagen, заради лошите продажни резултати и трендот на купување поголеми возила, реши дека во 2019 година се прекинува производството на Буба, а последното возило ќе излезе од производствените капацитети во Мексико.

Корените на Бубата се во нацистичка Германија кога Адолф Хитлер му дал задача на тогашниот познат дизајнер на автомобили Фердинанд Порше, да направи таканаречен “народен автомобил”, и од тогаш Бубата ги освојуваше срцата на љубителите на автомобили.

Сепак, поради константното намалување на продажбата, но и заради проблемите што ги имаше компанијата со скандалите поврзани со местење на податоците за eмисијата на гасови на дизелите, решија дека Буба треба да оди во пензија. Историски гледано, Бубата поголемиот редизајн на изгледот после долги години го добива дури во деведесетите години и тоа за американскиот пазар, кога се продадени дури 80.000 возила во текот на 1999 година. Од тогаш периодично се правеше редизајн, но продажбата се намалуваше, па компанијата пресече и реши да го прекине производството.

Сепак од компанијата изјавуваат:”Никогаш немој да кажеш никогаш”, што остава простор за повторно раѓање на Буба.

 

Слични написи

Porsche го претстави Cayenne Coupé

Biba

Hummer H1 – ѕвер за сите прилики

admin

Bentley Flying Spur – луксуз без компромис

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.