Автомобилизам

Hummer H1 – ѕвер за сите прилики

Mil-Spec, американска тјунинг компанија, ја покажа својата четврта верзија од Hummer H1. Оваа компанија од Детроит, САД, која веќе подолг период се занимава со доработки на теренското возило Hummer H1, изјавува дека со доработката и тјунирањето на Hummer H1 ќе се постигнат врвни перформанси, ќе се добие возило кое ќе ги исполнува и најекстремните барања.

Hummer H1 со каросерија во боја на песок, со екстремно растојание од теренот, со дополнителни ЛЕД светла за користење ноќе, ќе биде непобедлив ѕвер. Надворешноста ќе ја красат и специјалната всисувачка цевка за поминување на длабоки води и чекрк за извлекување во ситуации кога ќе заглави во непрооден терен. Mil-Spec Hummer H1 ќе го придвижува рачно составен 6,6 литарски V8 турбодизел мотор на Duramax, со 505 ks и најголем вртежен момент од 1355 Nm.

Преносот на силата на моторот е на сите тркала, а за тоа е задолжен автоматскиот менувач Allison 1000 со 6 степени на пренос. Во стандардна опрема е и редукторот кој има за задача на ова возило да му овозможи проодност како на камион.

И внатрешноста на возилото не остана без редизајн. Обложена со кожа, со зголемена звучна изолација, подобрен клима-уред и врвен аудиосистем.

За овој ѕвер од Mil-Spec бараат само 250.000 долари.

https://youtu.be/AWOxF6Tn6fo

 

Слични написи

Ферари со патент за управување на автомобил со џојстик

Biba

Тојота го извади на улиците на Европа својот прв самовозечки автомобил

Biba

Кристијано Роналдо го купи моментално најскапиот автомобил на светот

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.