Здравје

Причини зошто не се кршат апчињата пред пиење

Без разлика дали имате редовна, секојдневна терапија или само повремено пиете таблети против главоболка, никогаш не ги кршете на половина.

Ако ги прашате фармацевтите, тие ќе ве советуваат секогаш да ги пиете таблетите во еден дел, какви што се.

„Обложените таблети се обложени со причина, најчесто за да се спречи растворањето и дејството на лекот во желудникот, како би се заштитила слузокожата од агресивните материи од лекот.“

„На пример, ако филмуваниот аспирин го скршите на половина, заштитното дејство на обвивката се губи.“

Со самото кршење на некои лекови со повеќе обвивки и комплицирано разградување, може да се промени и дејството на лекот, па истиот да има непредвидливи последици.

Фармацевтите велат и да не им верувате на втиснатите линии на апчињата, тие не се дозвола дека треба да ги кршите пред да ги испиете.

Кршете ги само оние кај кои е нагласено во упатството дека кршењето и гризењето е дозволено.

Слични написи

Дали знаете како слабеењето влијае на вашиот имунолошки систем?

dart

Недоволното спиење може да го скрати животниот век

Biba

Спиењето без облека го подобрува здравјето, но и сексуалниот потенцијал

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.