Забава

Mалатa дупка во авионските прозорци може да ви го спаси животот

Доколку досега сте патувале со авион, веројатно сте забележале дека на дното на секој прозорец постојат мали дупки. Тие дупчиња се направени за поголема безбедност, а се наменети за регулација на притисокот на прозорските стакла кој доаѓа од кабината и надворешниот дел на авионот, така што низ нив циркулира воздух. Освен тоа, дупчињата имаат намена да го спречат замрзнувањето и замаглувањето на авионските прозорци.

Прозорците на авионите се направени од три слоеви, надворешен, среден и внатрешен – од акрил и стакло. Безбедносната дупка се наоѓа во средниот слој, пишува „Дејли мејл“.

За појаснување, по полетувањето на авионот и искачувањето во воздухот, притисокот на надворешниот воздух е во постојан пад, додека притисокот на воздухот во кабината е во постојан пораст. Поради големата разлика меѓу притисокот во кабината и надворешноста, прозорците на авионите се под голем притисок и може да се оштетат, но дупката во средното стакло е поставена за да се спречи тоа.

Исто така, во случај надворешниот слој да пукне, другите два се доволно силни за да издржат до слетувањето на најблискиот аеродром.

Прозорците во авионите се тркалезни, а не аголни, исто така поради поголема безбедност на патниците. Првиот комерцијален авион изграден во 1952 година имал аголни прозорци, што се покажало погрешно. Имено, таквите прозорци често не можеле да ја издржат разлика во притисокот однадвор и внатре, и пукале. По неколку несреќи, експертите сфатиле дека вградувањето тркалезни прозорци ќе биде најдобро решение.

Слични написи

Според експертите, луѓето постари од 40 години не би требало да работат повеќе од 3 дена во неделата

Biba

Руска инструкторка по нуркање изработува уметнички слики под вода

Biba

Плажите во Австралија преплавени со медузи

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.