Сцена

Премиерата на осмата сезона на Игра на тронови ќе биде во април 2019

Продукцијата на осмата сезона на Игра на тронови заврши уште во јули оваа година, но HBO не брзаше со најавата кога ќе биде премиерата на оваа планетарно популарна серија. Имаше најави дека тоа ќе се случи во 2019 година, па во првата половина на 2019 година, а сега конечно стигна потврда на она што го мислевме.

Серијата стигнува во април.

Причината зошто токму април, е многу едноставна. Имено, само така може серијата да биде номинирана за наградите Еми. Премиерата на седмата сезона се случи во јули 2017 година па серијата не можеше да се најде во номинациите за таа година, но затоа оваа година освои Еми за најдобра драма. Очигледно дека долгото чекање од премиера до награда не им се допаѓа на продуцентите.

Го добивме и тизер трејлерот, што малку ја расипува радоста, затоа што се работи за компилација од стари сцени, но сеедно успева да ги намами обожавателите со нетрпение да ја исчекуваат најновата сезона.

Осмата сезона ќе има само шест епизоди, но тие ќе траат подолго од обично.

Сè уште не се знае точниот датум на премиерата, но доволно нè радува и тоа што знаеме дека зимата доаѓа следната пролет.

Слични написи

Суданката Adut Akech Bior прогласена за најдобар модел во светот

Biba

Blood Red Roses, новиот албум на Род Стјуарт

admin

Мила Кунис за болеста која нејзиниот сопруг го остави без слух и вид

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.