Гастрономија

Нутела ќе добие сериозна конкуренција

 

Најпознатиот чоколаден крем на светот Нутела, добива сериозна конкуренција, и тоа од домашната компанија позната по производство на тестенини и сосови Барила (Barilla).

Новиот чоколаден крем на Барила ќе го има истиот вкус на нивните познати бисквитни колачи Pan di Stelle. За почеток, чоколадниот крем на Барила би требало следната година да се појави во италијанските маркети, а понатаму би го пласирале и низ Европа и светот.

Од Барила нагласуваат дека нивниот чоколаден крем нема да содржи палмино масло како конкурентската Нутела. Исто така, нагласуваат дека нивниот крем ќе се изработува стриктно со сончогледово масло, најдобрите италијански лешници, најдоброто какао и ќе има 10% помалку шеќер од конкурентите.

Идејата да почнат со производство на првокласен чоколаден крем во Барила ја добиле во моментот кога производителите на Нутела решиле да произведуваат бисквити полнети со крем.

Фереро од Нутела на годишно ниво има заработка од дури две милијарди евра.

 

Слични написи

Мексиканско кафе

Biba

Фрапе од банана и аронија

Biba

Брза туна салата со јајца

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.