Потребни состојки:
1 чаша сварено појако кафе, турско или филтер
1/2 чаша млеко
1 лажица крем Нутела
коцки мраз
шлаг (по желба)
Начин на подготовка:
- Чоколадниот крем ставете го во врелото кафе и мешајте додека да се стопи. Ставете го кафето да се олади во фрижидер.
- Висока чаша наполнете ја со коцки мраз и врз него сипете ги оладеното кафе и млекото. Опционално, ако не сакате да ви се разреди вкусот на кафето со вода, коцките мраз наместо со вода може да ги направите со сварено и замрзнато кафе.
- Најодозгора кафето може да го декорирате со шлаг.
На здравје!