Убавина

Зошто мажите немаат целулит?

 

Во желбата да бидеме физички најдобрата можна верзија од себе, често, иако сосема нормални, се оптоваруваме со целулит и ќе направиме се што е потребно за да се ослободиме од него. Не е лесно да се ослободите од целулитот и понекогаш го има без разлика на правилната исхрана и вежбање, а со текот на годините оваа борба е се потешка. Зошто овој проблем ги заобиколи мажите?
Како настанува целулитот и зошто е невозможно целосно да се отстрани

За жал целулитот кај жените се појавува бидејќи имаат послабо сврзно ткиво и повисоки масни клетки, а причина за тоа е дејството на женските хормони. Мажите, пак, имаат многу посилно сврзно ткиво и многу помалку поткожно масно ткиво, поради што на нивното тело не се создава целулит.

 

Студијата спроведена на 20 мажи и 20 жени на возраст од 36 до 92 години покажа дека жените имаат 34% помалку колагенски влакна и 57% повеќе масни лобули во длабокиот слој на кожата во споредба со мажите. Комбинацијата на поголеми масни лобули кои ја туркаат кожата нагоре и помалку колагенски котви кои обезбедуваат минимален отпор на притисокот на маснотиите нагоре, резултира со поголемо формирање на целулит.

Ова истражување исто така покажа дека теоријата дека целулитот е предизвикан од заробени токсини е уште еден интернет мит. Мажите всушност се помалку внимателни со исхраната, алкохолот и пушењето. Значи, ако некој треба да има многу целулит поради високиот внес на токсини, тоа треба да се мажи.

Тоа покажува и зошто антицелулитните третмани и масажи имаат само привремен ефект – овие третмани се фокусирани на привремено намалување на задржувањето на водата, но не го решаваат проблемот со акумулација на маснотии и недостаток на колаген.

Понатаму, постои причина зошто присуството на целулит се зголемува со возраста. Постарите мажи и жени имаат потенок дермис или среден слој на кожа. Ова, во комбинација со гореспоменатите причини за целулит, едноставно резултира со неговиот интензивен изглед.

Друг фактор кој го поттикнува целулитот е високиот индекс на телесна маса.

Машката кожа е генерално позатегната

Машките површински масти се распоредени во многу помали лобули со многу повеќе колагенски сидра околу нив, што го отежнува масното ткиво да се испакнува нагоре. Покрај тоа, горенаведеното резултира со позатегната кожа кај мажите.

Покрај тоа, истражувачите откриле дека машките колагенски сидра се 65% посилни отколку кај жените, што дополнително ја одржува кожата затегната и, со дејство на компресија, го контролира растот на масните клетки.

Во превод, послабиот колаген води до раст на маснотии и повеќе целулит. Зајакнувањето на колагенот ќе го блокира растот на површинските масни клетки и ќе го ограничи формирањето на целулит.

Масното ткиво под кожата, односно под целулитниот слој, кај жените е за 49% поголемо отколку кај мажите, што дополнително ја намалува затегнатоста на кожата и ја зголемува дебелината.

Како да го намалите целулитот?

За да го намалите целулитот, треба да ја намалите големината на масните лобули и да го зголемите колагенот на кожата, што практично значи повеќе дневно движење, вежбање, помал внес на калории и повеќе храна за зајакнување на колагенот како зеленчук, бобинки, билки и протеини со малку маснотии.

Слични написи

Неколку трикови за шминкање со кои очите ќе изгледаат визуелно поголеми

Biba

Костими во ведри бои ќе бидат апсолутен тренд ова лето

Biba

Балетанките можат да направат поголема штета од штиклите

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.