Убавина

Костими во ведри бои ќе бидат апсолутен тренд ова лето

 

Со децении костимите беа со неутрални и едноставни бои. Сепак, дојде време традицијата да се смени и костимите да добијатт ведри и пастелни бои.

Во минатото костимите генерално беа наменети за мажи, но трендот се менува и сè повеќе среќаваме деловни жени во костими.

Некои од најпознатите жени како Блејк Лајвли, Мишел Обама, Тејлор Свифт, ја прекинаа традицијата на носење костими со неутрални бои и ги заменија со костими со пастелни и весели бои.

Во последните неколку сезони костимот не е само деловен стил и формално облекување, туку може да ги носите со маица во комбинација со патики. Костимите станаа сестрани.

Доколку сакате да изгледате гламурозно, под сакото не мора да носите маица или кошула, туку градник со чипка или корсет.

Она што претставува проблем со костимите е тоа што доколку сакате тој совршено да ви стои, ќе треба да се решите за шиење по мерка, за што треба да се одвојат малку повеќе средства отколку за стандардните.

 

Слични написи

Нега на сувата кожа во зима

Biba

Совети за разубавување кои ќе ви помогнат да изгледате префинето и софистицирано

Biba

Бикини тренд за претстојното лето што ќе изнудува воздишки

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.