Здравје

Забите не треба да се мијат веднаш по јадењето

 

Стоматолозите советуваат како да постапувате со вашите заби за подобро да ги зачувате.

Забите не треба да се мијат веднаш по јадењето од причина што додека се јаде, непцето и забите омекнуваат и со тоа ризикуваме оштетување. Затоа треба да почекаме барем 30 минути.

Пливањето нема никакви лоши последици по телото, но изложувањето на забите и непцето на водата од базен не се препорачува поради средствата што се користат за дезинфекција на водата, а се штетни за забите и за непцето. Истражувања што биле спроведени во осумдесеттите години од минатиот век, покажале дека 40 % од тестираните пливачи имаат проблеми со забите баш поради употребата на средствата за дезинфекција на водата во базените.

Кафето пијте го што е можно побрзо, не подолго од 20 минути, за да не му дозволите на кофеинот да ви ги уништува забите и непцата.

Забите мијте ги посебно, никако додека се туширате. На овој процес треба убаво да му се посветите.

Исто така, не се препорачува дупчење на јазикот со пирсови, ниту џвакање на мраз за да не си ги оштетите забите и повредите непцата.

 

Слични написи

Совети што ќе ви помогнат да спиете подобро во топлите летни ноќи

dart

Митови за физичката активност

Biba

Совети за борба против мамурлак во новогодишните и божиќните празници

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.