Наука

Археолозите откриле доказ за вавилонското освојување на Ерусалим, за кое пишува и во Библијата

 

Археолозите кои вршат ископување на локалитетот на ридот Сион во Ерусалим, откриле докази за вавилонското освојување на градот и за неговото библиско уништување.

Научниците од Универзитетот на Северна Каролина пронашле значајни археолошки откритија на локалитетот, вклучително и слоеви на пепел, стрели, скршени делови од ламби и лонци, а најмногу изненадува откритието на накит.

Управителот на универзитетскиот археолошки проект “Mount Zion”, Шимон Гибсон, за CNN објаснува дека пронаоѓањето на ретките форми на накит е првиот доказ за постоењето на т.н. “елита”, односно богати жители на Ерусалим, кои живееле во периодот пред освојувањето меѓу 587-586 пр. н. е.

Шимон Гибсон додава дека откриениот накит на локација каде што имало борби и освојувања е реткост, од причина што освојувачите освоениот плен секогаш го претопувале.

Историчарите сметаат дека при вавилонското освојување на Ерусалим предводено од кралот Набукаднезар II, дошло до уништување на градот и смрт на поголемиот дел од населението. Тогаш најверојатно бил срушен и Соломоновиот храм, што исто така се споменува во Стариот завет.

Овој ден во еврејскиот календар се смета за најтажниот ден во годината и евреите го одбележуваат со пост и жалост.

 

 

Слични написи

Зошто СССР не испрати човек на Месечината?

Biba

Истражувачите пронајдоа докази за органска материја на Марс

Biba

Најелектричното место на Земјата

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.