Наука

Климатските промени си го прават своето – таму каде што беше мраз, сега е вода

 

Стефан Олсен, научник од данскиот Метеоролошки институт, на својата рутинска посета на северозападниот дел на Гренланд затекнал изненадувачка и застрашувачка глетка. Деловите што треба да се под мраз во моментот се водени.

Неговата мисија била да ги пронајде ориентирските алати за следење на времето кои биле поставени од неговите колеги, но не успеал да ги пронајде бидејќи локацијата каде што требало да бидат била прекриена со вода. Иако под слојот на вода се наоѓа мраз со дебелина од 1,2 метри, сепак, застрашувачки е тоа што топењето е толку брзо.

Фотографијата што ја направил со кучињата кои ја влечат санката и наместо на мраз се во вода, за краток период стана препознатлива и застрашувачка, бидејќи директно ги покажува ефектите што климатските промени ги имаат на околината на Арктик.

На својот твитер-профил напишал дека од актуелната ситуација први на удар ќе бидат автохтоните заедници кои живеат и ловат во тој дел.

Научниците за оваа година предвидуваат рекордно топење на мразот, а со тоа ќе се влијае на зголемување на водата во океаните која полека ќе навлегува во копнените делови.

 

Слични написи

Минатата година океаните и морињата беа најтопли откако се врши мерење

admin

Зошто СССР не испрати човек на Месечината?

Biba

Како влијае еволуцијата на интелигенцијата во изборот на партнер

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.