Гастрономија

Алкохолен десерт: Направете розеви гумени бонбони

Нов хит кој го зафати интернетот се розе гумените бонбони. Со помош на шеќер, лесно розе вино и желатин можете да направите вкусни гумени бонбони кои многу лесно се подготвуваат. Готови се за десетина минути и потоа се ладат во фрижидер час и половина.

Во тенџере на средна температура ставете 240 мл вино розе. Оставете го да зоврие, варете го околу пет минути и тргнете го од оган. Во помал сад измешајте 50 г желатин во прав и уште 240 мл розе вино. Оставете да отстои пет минути. Потоа се мешаат овие две смеси, се додаваат 200 г шеќер и се враќа на тивок оган со постојано мешање.

Смесата треба да има сирупска конзистентност, слична на јаворов сируп. Тргнете ја од оган и по желба додајте капка розева прехранбена боја. Смесата полека сипете ја во калапи во форма на мече или во калапчиња за мраз. Пред послужување чувајте ги во фрижидер минимум 90 минути.

Слични написи

Домашен чоколаден намаз

Biba

Пилешко во сос од мед

Biba

Триаголници со сирење и спанаќ од готови кори

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.