Љубов и секс

Секс во бременоста? Апсолутно да!

Доколку сте сигурни дека бременоста ви е во ред, можете да се опуштите и да уживате без страв како пред бременоста. Еве неколку совети за пријатен и здрав секс во бременоста.

Многу трудници, но и нивните партнери, често се прашуваат дали е здраво и безбедно да се има секс за време на бременоста. Дали сексот за време на бременоста може да предизвика спонтан абортус? Дали ќе му наштети на бебето? Дали има сексуални пози кои треба да се избегнуваат?

Експертите се согласуваат дека сексот е природен и безбеден во секоја здрава бременост.

Вашето бебе е заштитено со вашиот стомак, матка и плодова вода, така што пенетрацијата нема да направи ништо лошо. Некои лекари советуваат да се избегнува секс во последните недели од бременоста, бидејќи веруваат дека хормоните во спермата можат да предизвикаат контракции. Од друга страна, сексот во доцната бременост е одличен за жените чие породување е одложено бидејќи некои лекари веруваат дека може да го стимулира породувањето на здрав начин.

1. Пробајте други пози

Омилената сексуална поза, велат експертите, можеби ќе треба да се промени за време на бременоста. Сексот со голем стомак може да биде несовладлив проблем, па би било добро да направите мало истражување. Вашето тело сега е поинакво и можеби затоа ќе доживеете искуства за кои досега не сте знаеле. Откривањето нови работи со партнерот може да го збогати вашиот сексуален живот.

2. Опуштете се и не грижете се за бебето

Како што веќе споменавме, бебето е заштитено, така што не мора да се сомневате во неговата безбедност. Ако не постојат здравствени причини, не грижете се за него. Повеќето гинеколози ќе препорачаат секс за време на бременоста. Треба да го избегнувате само ако вашиот лекар каже дека сте изложени на некаков ризик. Кога ќе ги оставите настрана сите ваши грижи, ќе можете да се опуштите и да уживате.

3. Комуницирајте

Бременоста е време на големи промени. Можеби во тој момент ви се допаѓаат некои сосема поинакви работи од оние на кои сте навикнати вие и вашиот партнер. Бидејќи не можете да си ги читате мислите, треба да му кажете на вашиот партнер кои се вашите желби и потреби. Комуникацијата е клучот за добриот секс.

4. Орален секс и предигра

Некои трудници се жалат на болка за време на сексот. Ова не значи дека не можат да уживаат во сексуалните активности за време и по бременоста. Проширете ги вашите сексуални хоризонти, пробајте некои работи што не сте ги направиле досега. Галењето, масирањето и оралниот секс ќе ви бидат попријатни од кога и да било, бидејќи сите ваши нервни завршетоци сега многу чувствителни.

5. Користете перница

За време на бременоста тешко е да се прилагодите на удобна положба. Повеќето трудници мислат дека перницата им е најдобар пријател за време на сексот. Седнете удобно и подгответе многу перници кои можете да ги користите во сите регии каде што ви треба потпора.

Слични написи

Пет митови за машкото тело и сексуалноста

Biba

Што сакаат мажите повеќе: див секс или нежност и романтика

admin

Се зголемува бројот на дигисексуалци – кои се тие и што ги возбудува?

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.