Потребни состојки:
2 краставици со средна должина или 3 мали
1 лажица маслиново масло
2 лажички јаболков оцет (или друг по ваш избор)
1/2 лажичка морска сол
Начин на подготовка:
- Краставиците исечкајте ги на многу тенки тркалца и оставете ги на кујнска хартија да се исцедат.
- Потоа ставете ги во сад и измешајте ги со маслото, оцетот и солта.
- Наредете ги тркалцата краставица едно до друго во тепсија обложена со хартија за печење.
- Сушете ги во рерна на 80 степени Целзиусови 3-4 часа или додека да станат крцкави.
На здравје!