Гастрономија

Погачици од тортиљи, полнети со говедско месо

 

Потребни состојки:

1 главица кромид, тенко исечкана на ленти

1 пиперка, исечкана ситно

450 г мелено говедско месо или говедски стекови тенко исечкани

сол и бибер по вкус

4 тортиљи исечени на половина

4 парчиња кашкавал исечени на половина или на четвртинки

зејтин

За кашата:

1/4 чаша брашно

1/4 чаша вода

Начин на подготовка:

  1. Во тавче на умерена температура ставете зејтин и кога ќе се загрее, во него динстајте ги кромидот и пиперката додека да омекнат (5 до 8 минути). Потоа додајте го месото и пржете го додека да добие кафеава боја. Ставете сол и бибер по вкус. Пред да почнете да ги полните тортиљите, оставете го месото да се олади.
  2. Секоја половинка тортиља намачкајте ја до половина со кашата и потоа превиткајте ја така да формирате фишек или триаголник (видете подоле на сликите). Притиснете цврсто за да се залепи. Во триаголникот ставете едно парче кашкавал и потоа наполнете го со филот од месо. Внатрешната страна на рабовите на тортиљата намачкајте ги со каша и притиснете ги цврсто за да се залепат, да добиете наполнет триаголник.
  3. Вака наполнетите погачици пржете ги по две минути од секоја страна во загреано масло или додека да добијат златнокафеава боја.
  4. По пржењето ставете ги на хартија да се впие вишокот на масло и потоа послужете ги со сос од стопен кашкавал или лут сос.

На здравје!

 

Слични написи

Ледено кафе без шеќер, со необичен додаток

dart

Шпагети со топчиња од месо

Biba

Освежителна лимонада со лубеница

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.