Автомобилизам

Ферари со патент за управување на автомобил со џојстик

Италијанскиот производител на суперавтомобили Ферари, го патентираше управувањето на автомобил со користење на џојстик. Уредот сличен на оној што се наоѓа во авионите, е сместен на десната страна на седиштето на возачот. Оваа новина беше пријавена во Управата за патенти на САД, а џојстикот ќе има двојна функција – движењето лево и десно ќе го одреди правецот и забрзувањето или забрзувањето на автомобилот напред и назад. Џојстикот и педалите во автомобилот сепак ќе бидат поврзани.
Досега се претставени неколку концептни автомобили кои имаат џојстик наместо волан (Ford FX Atmos од 1954 година, Mercedes F200 Imagination од 1996 година и Сааб Прометеј од 1993 година), но не сме ги виделе во сериско производство. Постојат многу прашања што треба да се решат, а едно од нив е како да се елиминира монотонијата што ќе се појави на долги релации на автопат. Се разбира, фактот дека Ферари го има патентирано, не значи и дека ќе го видиме во производство. Пред пет години, Ферари го ја патентираше двоцилиндричната технологија на мотор, но досега не сме ја виделе во производство.

Слични написи

Концептот “Smart Forease”

admin

Десетте најскапи автомобили во историјата на ферари

Biba

McLaren Speedtail со цена од 1,97 милиони долари

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.