Автомобилизам

Десетте најскапи автомобили во историјата на ферари

 

На листата од 10 најскапи автомобили во историјата, седум се од ферари. Затоа решивме да ви ја покажеме листата на 10 најскапи автомобили на ферари.

10. Ferrari 250 LM.  Овој автомобил стана икона откако во 1965 година победи на трката 24 часа Ле Манс. Тоа е првиот ферари со мотор поставен средишно, а произведен е во само 32 примероци. Во 2015 година примерок од овој автомобил е продаден за 18,26 милиони долари.

 

 

9. Ferrari 250 GT LWB California Spider Competizione. Произведен е само во девет примероци. Примерок од овој автомобил е продаден за 18,5 милиони долари.

 

 

8. Ferrari 375-Plus Spider Competizione. Ова е тркачки автомобил направен за трката Mile Miglia 1954, и завршил на второто место.  Во 2014 година непознат колекционер платил 19 милион долари за овој автомобил.

 

 

7Ferrari 250 GT SWB California Spider. Многумина го сметаат за најубавиот ферари автомобил. Во 2015 година еден примерок California Spider е продаден за 19,2 милиони долари.

 

 

    6. Ferrari 275 GTB-C Speciale. Цената на овој автомобил во последните години рапидно се зголеми. Направен е да биде тркачки болид, има потполно алуминиумска каросерија и дополнителни 70 кс од 3-литрениот V12 мотор. Последната трансакција со овој автомобил била во 2014 година, а цената била 27,4 милиони долари.

 

 

5. Ferrari 275 GTB4 S NART Spider. Кон крајот на шеесеттите години на минатиот век се произведени само 10 примероци. Продажба на овој модел не е забележана, но аналитичарите ја проценуваат неговата вредност на 25 милиони долари.

 

 

4. Ferrari 290 ММ. Ова е уште еден тркачки автомобил произведен само во 4 примероци. Овој конкретен автомобил го возел славниот Фанџо, па затоа не треба да нè чуди цената од 29,1 милион долари.

 

 

 3. Ferrari 335 Sport Scaglietti. Великани како Питер Колинс, Морис Тратињан и Волфганг фон Трипс го возеле овој автомобил на трките 12 часа Сибринг и Миле Миља. Кога се пензионирал од трките овој автомобил поминал 40 години кај еден сопственик, сè до 2016 година кога е продаден за 36,7 милиони долари.

 

2. Ferrari 250 GTO. Иако се води како второпласиран овој автомобил сè уште го има првото место за цена постигната на аукција. Овој автомобил на трки го возел славниот Џо Шлесер, кој загина на својата дебитантска трка за Формула 1 во 1968 година. Во 2014 година е продаден 39,6 милиони долари.

 

 

1. Ferrari 250 GTO. Ова е примерок на автомобил што е возен на трката 24 часа Ле Манс кога го зазеде четвртото место, а веќе следната година победи на трката Тур Де Франс. Не е оштетен и е прекрасен примерок. Го купил Дејвид МекНил, директор на компанијата Валтер Тек кој во своја сопственост има огромна ергела Ферари автомобили. Автомобилот го платил 70,2 милиони долари.

 

 

Слични написи

Honda Civic Type R не е веќе кралот на Нирбергринг

Biba

Британски автомобили што оставиле голема трага во историјата

Biba

Волво го најави првиот електричен автомобил во текот на оваа година

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.