Вести

Скопската Зоолошка градина доби пролетно освежување и разубавување

 

Чисти езера и нови катчиња во ЗОО Скопје

Изминатиот период, вработените во Зоолошка градина Скопје, секојдневно работеа на чистење на езерата, како и уредување на нови зелени катчиња. По повеќе од 13 години беше исчистено големото езеро, а малите езерца добија пролетно чистење по есенската генералка. Беа засадени и преку 200 нови садници- врби, бадеми, лешници, малини, како и повеќе видови цвеќиња. Од неделата, посетителите можат да уживаат и во новото катче покрај езерото, каде што се наоѓа и Бродот на радоста. Токму тогаш Зоолошката имаше рекордни 18 000 посетители, со што е надмината претходната бројка од 12 000 посетители на почетокот на март.

„ЗОО Скопје ќе продолжи со зазеленување и разубавување на просторот за посетителите и животните. Наша цел е да направиме буквално шума во градот и се стремиме да станеме Еко ЗОО парк“, изјави портпаролот на Зоолошка градина Скопје, Тина Мицковска.

Слични написи

Музичката легенда Оливер Драгојевиќ почина

admin

Златна арена за режија на Теона Стругар Митевска

Biba

ВНИМАНИЕ – Не возете во папучи во Грција

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.