Технологија

Самсунг во Сан Франциско ќе го претстави својот телефон на свиткување Galaxy Fold

 

На крајот на ноември минатата година Самсунг го најави својот телефон на свиткување, а овие денови официјално го соопшти 20 февруари 2019 како датум на кој ќе го покаже на Unpacked случувањето во Сан Франциско.

Galaxy Fold ќе биде ѝ претставен на јавноста заедно со Galaxy S10 серијата на мобилни телефони.

На официјалниот твитер канал, Самсунг вели дека на 20 февруари 2019 година иднината ќе биде разоткриена. Деталите за уредот не се претставени, но би требало да е со два дисплеја. Едниот од нив би имал димензија 4,58 инчи, додека другиот би бил со 7,3 инчи. Форматот на помалиот екран ќе биде во сооднос 21:9 и резолуција 1960:480 пиксели, а на поголемиот соодносот би бил 4:2:3 и резолуција од 2152:1536 пиксели.

 

Слични написи

Huawei со помош на вештачка интелигенција ја заврши Недовршената симфонија на Франц Шуберт

Biba

Бесплатни онлајн часови за програмирање, веб дизајн и дизајн за деца со Едуфронт

dart

Големите руски планови за вселената

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.