Психологија

Плачењето помага да се намали стресот

 

Според весникот Independent, наместо смеење, спиење или чаша топло кафе, јапонски академик тврди дека најкорисен начин да се ослободите од стресот е едноставно да почнете да плачете.

Поранешниот наставник Хидефуми Јошида себеси се нарекува “наставник за солзи” и организира редовни предавања и работилници низ цела Јапонија, со цел да ги образова луѓето за психолошката корисност на плачењето.

“Плачењето е поефикасно од смеењето и спиењето во намалувањето на стресот”, изјавува овој наставник за Japan Times. Според него, слушањето балади, гледањето тажни филмови и читањето книги, може многу да му користи на менталното здравје, така што ги стимулира парасимпатичките нервни активности кои доведуваат до успорување на срцевиот ритам.

“Ако плачете еднаш неделно, може да живеете без стрес”, додава Јошида.

Во 2014 година, Јошида заедно со професорот Хидехо Арита од Медицинскиот факултет во Универзитето во Токио, одржале низа заеднички предавања со цел да ја подигнат свеста за предноста на плачењето. Тој од тогаш добил многу барања од училишта и компании да одржи предавања и работилници на споменатата тема.

Интересно е да се каже дека Јошида не е првиот што се занимавал со благотворното дејство на плачењето за здравјето на луѓето. Во 1981 година, студија со наслов “Expert tear” под водство на д-р Вилијам Фреј од Универзитетот во Минесота, пронашла дека плачењето ослободува ендорфин, хормон кој придонесува за јавување на чувството на среќа и благосостојба.

Уште една студија спроведена во 2008 година на примерок поголем од 3000 луѓе, открила дека плачењето направило луѓето да се чувствуваат многу подобро во тешки ситуации, што довело до тоа авторите да го предложат плачењето како облик на терапија.

Слични написи

Дали сте зависни од вашиот мобилен телефон?

Biba

Зборови и фрази кои треба поретко да ги изговарате

Biba

Прочитајте ги луѓето брзо и едноставно: говорот на телото е помоќен од зборовите

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.