Психологија

Прочитајте ги луѓето брзо и едноставно: говорот на телото е помоќен од зборовите

 

Следниот пат кога ќе имате впечаток дека некому му се допаѓате, но не знаете како да го потврдите тој сомнеж, анализирајте го говорот на телото на таа личност – тоа често говори повеќе од зборови.

Постојат специфични движења, односно говор на тело кој не можеме да го контролираме, а открива што ни се допаѓа или не ни се допаѓа.

Џо Наваро, некогашен агент на ФБИ, експерт за говор на тело и автор на книгата „Речник на говорот на телото“, открива на што да обрнете внимание за да утврдите дали некому му се допаѓате или не.

Прво, обрнете внимание на очите. „Зениците ни се стеснуваат кога гледаме нешто што не го сакаме, а се шират кога гледаме нешто што ни се допаѓа. Над тоа немаме никаква контрола, дури и бебињата тоа го прават“, вели Наваро.

Очите не се единствените кои нè издаваат, и нашите стапала кажуваат дека некој или нешто ни се допаѓа.

„Кога гледаме некого кој не го сакаме, дури и ако љубезно му се обраќаме, нашите стапала инстинктивно се насочуваат во спротивна насока од таа личност“, тврди некогашниот ФБИ агент. Оваа позиција, кога личноста ве гледа во лице, но ги насочува стапалата и торзото од вас, покажува непријатност.

Во случај кога нечии очи или стапала не откриваат доволно информации, притискањето на усните една со друга, мрдање со јазикот кон образот, допирање на вратот, посебно на предната страна, сето тоа се знаци дека помеѓу вас не владее добар однос.

Интересно, но прекрстувањето на рацете на градите кое некои стручњаци го опишуваат како негативно, всушност не е. Тоа е само однесување со кое таа личност се обидува да направи да се чувствува попријатно и не би требало да го третираме како негативно, смета Наваро.

Кога станува збор за интерпретација на нечии мисли и чувства, идентификувањето и анализирањето на невербалниот начин на комуникација може многу да помогне во откривањето на вистината.

 

Слични написи

Препознајте ги раните знаци на дислексија уште на предучилишна возраст

Biba

Како да најдете рамнотежа ако сте интроверт во бучниот и зафатен свет

Biba

Може ли таткото да добие постнатална депресија?

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.